Loading Video...
Спорт плус
28. November 2019 - 19:51

Се одржа симпозиумот на тема "Спортот за државата - Државата за спортот"

Денеска во Владата на Република Македонија, а во организација на Асоциација на спортски новинари, спортисти и спортски работници од Македонија, се одржа симпозиумот на тема "Спорт за државата - Државата за спортот"

На симпозиумот кој е дел од редовната програма на оваа асоцијација, покрај бројни  актуелни и поранешни спортисти, како и претставници од националните федерации, но и новинари од 11 земји од Југоисточна Европа, присуствуваше и Премиерот Зоран Заев.

Тој уште еднаш ја изрази поддршката која државата ја дава во спортот со цел за афирмација не само на спортот и државата преку него, туку и на компаниите кои преку реформата за финансирање придонесуваат многу за тоа.

Заев особено ја истакна заложбата дека  спортот морa да остане имун на политиката.

На симпозиумот беа разменети и искуства од земјите учеснички , начините на развој не само на врвниот туку и рекреативниот и масовниот, спорт, и особено улогата која ја имаат спортските новинари кој со своите активности како и денешната придонесуваат многу за развојот на спортот, а преку него и за афирмацијата на  државата.