Македонија
5. August 2020 - 13:04

Се намалува интензитетот на тестирање – бројот на позитивни случаи и натаму околу 10%

Вчера за прв пат по подолг периодот бројот на детектирани нови позитивни случаи на КОВИД19 падна под 10% од бројот на спроведени тестирања. Со 830 тестови, надлежните вчера откриле 75 нови случаи што е нешто над 9%. Фактот дека бројот на ново дијагностицирани случаи во последните неколку дена е двоцифрен се должи на намалениот број на тестови кои ги спроведуваат институциите. 

Сепак, она што загрижува е високата смртност според која Македонија и натаму е на врвот во Европа. Вчера починаа 5 пациенти што е втор најлош резултат во регионот зад Босна и Херцеговина каде вчера беа регистрирани дури 11 смртни случаи што е нешто под 4 починати на милион жители.

Она што загрижува е фактот дека вирусот регистрира нов пик на Балканот. 11 починати вчера имаше и во Бугарија, седум во Србија и 4 во Албанија. 

Во Босна и Херцеговина се детектирани дури 394 нови случаи, 255 во Бугарија, 287 во Србија и 130 во Албанија. 

Во Македонија од почетокот на регистрирани се 11.202 позитивни на КОВИД19 од кои се уште активни се 3.589. Бројот на починати пациенти се искачи на 505 што значи дека починува секој 22 заразен пациент што значи дека стапката на смртност е 4,5%

Направени се повеќе од 106 илјади тестови што пак покажува дека над 10,5% одите тестирани пациенти биле позитивни на вирусот. 

Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје, 1342. Следи Штип со 434 активни случаи, па Гостивар со 287.

Во Скопје најлоша е сликата во Чаир каде има 167 активни случаи, 14 помалку има во Кисела Вода каде сликата е речиси идентична како и во Аеродром. 

Во меѓувреме останува на сила обврската за носење на заштитна маска во затворен простор и онаму каде што не може да се одржува физичката дистанца. Од Министерството за внатрешни работи утрово во писмено соопштение информираа дека во текот на изминатото деноноќие полицајците напишале вкупно 340 казни за неносење на заштита маска

 

Александар Спасовски