СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија
Судската пресуда за предметот „ТНТ“ за рушењето на „Космос“ одново потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија.
Во овој случај, на затворски казни се осудени, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Бројните пресуди ги потврдуваат индициите за сторените тешки криминали кои беа објавени преку проектот „Вистината за Македонија“. Се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиевски негов извршител.
Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник, а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој го смести Мицкоски во фотелја во Белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски денес е истата непроменета криминално-режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња