Македонија
14. May 2021 - 8:53

СДСМ: Со шестиот пакет мерки обезбедуваме силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор

Владата предводена од СДСМ продолжува да обезбедува помош и поддршка за домашната економија.

Во таа насока, како дел од Шестиот пакет економски мерки, објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, кои се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареа, ноќните и диско клубови и свадбените ресторани.

Со првите два повици опфатени се естрадните уметници и туристичките водичи, кои во изминатата 2020 година оствариле просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари, а финансиската поддршка ќе биде во нето износ од 30.750 по лице.

Понатаму, за компании – оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани, за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби и за лиценцирани туристички агенции, основа за пресметка на поддршката ќе се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката ќе изнесува 30% од просечниот месечен приход.

Дополнително, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен.

Шестиот пакет мерки, вреден 17,8 милиони евра, има за цел да обезбеди поддршка на 10.000 компании и над 60.000 граѓани.

Владата предводена од СДСМ реализираше околу 100 различни мерки преку сите шест пакети со кои се опфатени и поддржани субјектите и физичките лица погодени од коронакризата.

Продолжуваме со мерките и политиките што обезбедуваат помош и поддршка за граѓаните и стопанството.

 

Центар за комуникации на СДСМ