СДСМ со амандмани бара задолжително носење маски
Собраниската комисија за здравство ја почна расправата по измените на Законот за заштита на населението од заразни болести во кои треба да се вметнат мерки за заштита од Ковид пандемијата.
Освен владините предлози за поголеми надлежности на инспекциските служби кој ќе можат да затворат уостителски објект доколку не ги почитува здравствените протоколи амандмани со мерки поднесоа и пратениците на СДСМ како и пратениците на Алијанса и Алтернатива. СДСМ има пет амандмани во кои се предвидува носењена лична заштита на лицето на јавни места и површини од отвор и затворен тип, потоа задолжителна самоизолација при тестирање за корона вирус, забрана за групирање во домови и забрана за групирање на јавен простор.
Според опозицијата овие мерки се задоцнети и власта две недели тактизирала со нив.
За министерот за здравство Венко Филипче пак амандманската расправа е можност да се дискутира за најсоодветните мерки потребни да се спречи ширењето на корона вирусот.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо