Македонија
9. јуни 2023 - 8:42

СДСМ: Прифаќањето на уставни измени од страна ВМРО-ДПМНЕ е основа за продолжување на дијалогот

Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа нациоанлна и стратешка цел.

Прифаќањето на уставните измени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и учество во широка Влада за европски интеграции создава нова шанса.

Сега врз основа на новите околности на политичката сцена треба дијалогот да продолжи и да се искористи шансата да се реализира уште една стратешка цел - членството во ЕУ.

СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место.

 

Центар за комуникации на СДСМ