-->
-->
СДСМ: Преполната сала на граѓанската трибина во Скопје покажа дека сме партија што обединува и води напред!
-->
СДСМ изразува благодарност за големата поддршката од граѓаните, од членовите и симпатизерите на вчерашната трибина во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
Масовната посетеност докажа дека СДСМ е партија што ги обединува граѓаните и води напред. Над 10.000 граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати вчера испратија силна порака дека државата е на прав пат и треба да продолжи по вистинскиот пат.
Граѓаните ги препознаа вредностите, ги чувствуваат придобивките од успешните политики и даваат поддршка на концептот што води напред кон повисок животен стандард, кон повисоки плати и пензии, кон интеграција во ЕУ и НАТО.
На 12 април уште еднаш ќе потврдат дека тоа е вистинската опција, се друго е враќање назад во темнина, изолација и неизвесност.
Заедно со граѓаните продолжуваме по вистинскиот, правиот пат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари