Македонија
29. November 2020 - 16:41

СДСМ обвинува дека опозицијата работи за странски центри, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ направила тезга од националните интереси

Кој од државата и идентитетот прави тезга со Бугарија, а кој ги навредува македонските граѓаните како хистерични? Не стивнуваат партиските реакции на власта и опозицијата по интервјуто на премиерот Зоран Заев за спорните факти за улогата на Бугарија во Втората светска војна и за размена на нови документи со официјална Софија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со перформанс пред Владата повторно со порака дека Заев и Владата која ја води ја распрчуваат државата.

Предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров донесе до тоа да имаме денеска тезга во Македонија. Цела Македонија е направена тезга на која што македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет чинат по едно евро. Од тука го повикуваме македонскиот народ и сте останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпишува како неговиот министер сега за надворешни работи Османи, го нарекува некој патоказ. Тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа.

Од власта пак, велат дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Мицкоски шират лажни информации и ги навредува граѓаните како хистерични.

„Еве го викендот. Ниту се распарчивме ниту имало официјални претставници во Софија. Клучното пршање е за кого одработува Христијан Мицкоски? За чии странски интереси, за кои центри? Во време кога се наоаѓаме во многу важен период за македонската иднина, за членството во ЕУ но и иднината на државата Мицкоски работи против сопствената држава. Масовно и оркестрирано се шират невистини, се пласираат лажни вести, се поттикнуваат конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните“.

За најавите на опозицијата да се гласа за доверба на Владата Костадинов вели дека власта и покрај реакциите во јавноста располага со потребното мнозинство од најмалку 61 пратеник.

Со реакција за вчершаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ и обраќањето на Мицкоски со колумна се јави и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„Неговото тврдење дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија, што ги плаши граѓаните, е апсолутна лага, измислица и глупост. Во никој случај Бугарија не може да ги земе Гоце Делчев или Дамјан Груев од Македонија, бидејќи ова е вообичаена приказна. Тоа е вообичаено, но не се споделува како што сака Мицкоски.  Тој директно се изјасни против Договорот со Бугарија и Грција, за да не се почитува. Тој се обидува да ја уништи европската иднина на македонските граѓани“.

Мицкоски вчера на протест пред Владата побара оставка од Заев, а од официјална Софија  да се извини за минатото, додека пак, Брисел да ги почне преговорите со државата. ВМРО-ДПМНЕ за утре најави антивладините протести во 11 градови.