СДСМ: Мицкоски на протестот ја потврди студијата на ЕУ дека е извор на дезинформации и лажни вести
Со сите лаги што ги изнесе денеска на таканаречениот протест, Христијан Мицкоски само ја потврди студијата на ЕУ дека тој и неговите профили на социјалните мрежи е извор на дезинформации и лажни вести.
Мицкоски, доста ги малтретираш твои приврзаници со кои си организираш таканаречени протести кои служат единствено да си ја спасиш фотелјата во белиот дворец.
Мицкоски, доста лажеш и глумиш загриженост, факт е дека за идентитетот македонски, за македонскиот јазик ниту се преговара ниту ќе се преговара.
Мицкоски, доста плачеш, граѓаните на 15 јули ти го покажаа патот на изборите, во опозиција каде уште долго ќе останеш.
Граѓаните одбраа државата да продолжи напред кон развој и интеграција, Мицкоски останува сам, изолиран во сопствениот очај, во сопствената хистерија.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација