Македонија
15. December 2017 - 16:47

СДСМ ќе се бори за амандманите во Законот за јазици откако ќе добијат одговор од Венецијанската комисија

Амандманите на СДСМ со кои во законот за јазици се брише одредницата за албански јазик и се вметнуваат јазиците на сите немнозински етнички заедници споменати во Уставот ќе станат дел од законот откако тој ќе биде донесен во парламентот и вратен од Венцијанската комисија.

Ова го тврди координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев откако вчера коалицискиот партнер ДУИ преку Комисијата за европски прашања  преку долги реплики успеа да ја блокира амандманската расправа за законот со што пропаднаа и амандманите на СДСМ. За нив владејачката партија претходно  тврдеше дека се усогласени меѓу владините партнери.

Законот за јазици со непроменет текст оди директно на гласање на пленарна седница.

СДСМ ќе гласа за законот без нивните амандмадмани, но Тунтев не можеше да објасни како нивните решенија ќе бидат вметнати во законот односно дали ќе се бараат законски измени откако тој ќе биде донесен.

Груби спротивно на ова, вчера тврдеше дека ДУИ го прифаќа законот само така како што е предложен.

Амандманската расправа пројде и без учество на ВМРО-ДПМНЕ поради притворите на пратениците иако опозициската партија има  86 амандмани на законот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа и во денешната работа на паралемнтот.

Неизвесно е како најголемата опозициска партија ќе дејствува во понатамошната работа на Собранието.