Балкан
27. July 2016 - 8:43

СБ на ОН го продолжи за уште шест месеци мандатот на „сините шлемови“ на Кипар

Советот за безбедност на Обединетите нации го продолжи за уште шест месеци мандатот на меѓународните сили за поддршка на мирот во етнички поделениот остров.

Резолуцијата за продолжување на мисијата Советот ја усвои едногласно.

Во документот се изразува целосна поддршка за силите на ОН на Кипар, кои во моментот бројат околу 900 војници.

СБ на ОН го поздравува постигнатиот напредок во преговорите меѓу лидерите на Кипар за решавање на спорот и го повика генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун да ги активира напорите за реализација на идната спогодба за островот.