Савичевиќ: Верувам во успех на турнирот во Перм
Македонската кошаркарска репрезентација од денеска е во Перм каде одржа и тренинг во пресрет на квалификациските дуели за ЕП: Задутре стартуваме со Италија па следуваат дуелите со Русија, повторно Италија и Естонија. Селекторот Тодоров направи екипа која е спој на искусни и млади кошаркари. Еден од нив е Лука Савичевиќ кој очекува успех на Македонија на овој турнир:
-Минав еден мини-циклус со репрезентацијата и бев дел од составот што требаше да игра во Талин, но возбудата секако дека е присутна. Ние младите треба да работиме напорно, да учиме од постарите и да ја чекаме нашата шанса за настап. Атмосферата во тимот е одлична и доколку сите го дадеме максимумот и се бориме, мислам дека ќе ја оствариме целта и ќе играме на Евробаскетот“, вели Савичевиќ.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар