Loading Video...
Фудбал
21. July 2021 - 19:53

Санта Клара очекува неизвесен дуел со Шкупи

Екипата на Шкупи во рамките на конференциската лига утревечер во 20ч игра со португалската Санта Клара. Гостите пред малку одржаа прес конференција на која изјавија дека очекуваат рамноправен дуел.
Како прво екипата на Шкупи  се претстави како прва во конференциската лига , играше добро и заслужено се пласира во втората рунда во меч против нас. 
 „Возбудени сме што сме тука, за првпат во вашата земја, во ова ново натпреварување во Македонија и во убав град како Скопје. Не очекува меч против еден одличен тим кој од тоа што го анализиравме знаеме дека е добро организиран со одлични индивидуалци. Мислам дека ќе биде навистина добар натпревар затоа што и ние сме добро подготвени и сигурен сум дека натпреварот ќе го одлучуваат нијанси“
Ние секако посакуваме победа. Но, да бидеме реални, има уште еден натпревар. Ова е двомеч кој ќе биде одлучен по вториот натпревар, иако ние утре ќе атакуваме на победа“.
 
Многу сум возбуден што сум тука и што ќе играм против добра екипа во силно натпреварување како што е конференциската лига.  Веќе го запознавме градот, не знаеме многу за Скопје но сме среќни што сме тука. 
Што се однесува до натпреварот знаеме дека ќе биде тежок, но подготвени сме за надигрување. Нашата желба е победа, но патникот  ќе оди во следната рунда натпревари ќе биде одлучен во реваншот