Македонија
1. October 2020 - 10:34

Санкционирани 172 возачи во Куманово

Во засилени сообраќајни контроли што вчера ги спроведе МВР во Куманово санкционирани се 172 возачи. Само за еден час беа санкционирани 80 возачи.

Изречени се 172 санкции, меѓу кои 28 казни за нерегистрирани возила и 28 за возење без возачка дозвола. Санкционирани се и 26 мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.

 – Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Контролите во Куманово беа спроведени на повеќе локации во поширокото централно градско подрачје.