-->
-->
Самоубиствен напад во Кабул, најмалку 18 загинати и над 50 ранети
-->
Најмалку 18 лица загинаа, а 57 се повредени денеска во Кабул, во самоубиствен бомбашки напад, соопштија авганистанските власти.
Меѓу загинатите и ранетите има и деца во експлозијата пред образовен центар, соопшти полицијата.
Напаѓачот се обидел да влезе во едукативен центар во шиитска населба на запад во Кабул кога обезбедувањето го запрело, додава полицијата.
Властите велат дека бројот на жртвите може да биде поголем. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Талибанските бунтовници отфрлија каква било поврзаност со нападот.
Огранок на екстремистичката група ИД ја презеде одговорноста за сличен напад врз образовниот центар во август 2018 година. Тогаш беа убиени 34 ученици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење