Loading Video...
Кошарка
22. March 2018 - 14:04

Само едно празно место за плејофот во Евролигата

Откако изминатите два дена беа одиграни средбите од 27.коло денеска и утре на програмата се дуелите од 28-то во кошаркарската Евролига

ЦСКА оствари сигурна победа во дерби дуелот против Олимпијакос кој се одигра во Москва. Лидерот на табелата ЦСКА победи со 89-81 и ја оствари 22-та победа со која се зацрвсти на врвот на табелата. 

Басконија забележа значајна победа над Бамбер 103-79, а по поразот од Макаби од Фенербахче, сега шпанската екипа е на осмото место, единствено преостанато за влез во плејофот. 

Вечерва Макаби го пречекува Панатинаикос, а утревечер Басконија во шпанското дерби гостува кај Барселона. 

Двојки за 28.коло 

Четврток 
19:00 Црвена ѕвезда - Фенербахче
20:05 Макаби - Панатинаикос
20:45 Милан - Валенсија
20:45 Реал Мадрид – Жалгирис 
Петок 
18:00 Химки - ЦСКА Москва
19:00 Бамберг - Уникаја
20:00 Олимпијакос - Анадолу Ефес
21:00 Барселона - Басконија

До крајот на регуларниот дел од сезоната покрај мечевите од 28.коло, преостануваат уште две рунди.

Пласман во плејофот веќе обезбедија седум екипи: ЦСКА Москва, Фенербахче, Олимпијакос, Реал Мадрид, Жалгирис, Панатинаикос и Химки.