Loading Video...
Фудбал
5. January 2020 - 15:27

Само бод за Барселона во дуелот со последно пласираниот Еспањол

Иако Барселона освои само еден бод против последно пласираниот Еспањол, каталонскиот тим  ја завршува полусезоната на водечката позиција на табелата во шпанската Ла Лига. 
 
Во дуелот од 19 коло Барселона на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол кој убедливо последен на табелата одигра 2-2. 
 
Домаќините со голот на Давид Лопез во  23.минута остварија предност по првото полувреме, која Барса ја анулира Луис Суарез и Артиуро Видал во 50-тата и 59-тата минута. 
 
Во завршните 15.минути Барселона остана со играч помалку откако ДеЈонг заработи втор жолт картон. Тоа го искористија фудбалерите на Еспањол кои со погодокот на Ви Леи во 88.минута го израмнија резултатот на 2-2. 
 
 
Сепак Барселона остана лидер на табелата, но сега со идентични 40 бодови како и големиот ривал Реал кој со 3-0 во оваа рунда го победи Гетафе, додека Атлетико Мадрид кој со 2-1 славеше над Леванте е трет на табелата со пет бодови помалку од Барса и Реал.