Loading Video...
Кошарка
12. November 2021 - 1:15

Само 11 поени во едно полувреме на македонските кошаркарки во дуелот против Германија

Македонските кошаркарки со убедлив пораз од Германија го започнаа новиот квалификациски циклус и тоа за ЕП во 2023 година. 
 
На гостувањето во Хале, избраничките на новиот селектот Ападанов одиграа добро прво полувреме кое го добија со 30-25, но затоа во второто беа во најмала рака очајни, па со постигнати 11 поени за едно полувреме (7 во третата и 4 поени во последната четвртина) и не можеа да се надеваат на друго освен убедлив пораз со 32 поени разлика (73 – 41). 
 
Во одсуство на повредената, Американката, Девана Бонер која поради проблеми со грбот остана во Скопје, како  првата опција под обрачите, Кметовска, па единствена во нашиот тим која постигна двоцифрен број на поени, 16, беше Митрашиновиќ. 
 
Во вториот натпревар од нашата „А“ група, Босна и Херцеговина ја победи Белгија со 87 – 71 
 
Веќе во недела на програмата е второто коло во кое нашите кошаркарки во ќе бидат домаќинки на Босанките, додека Белгија ќе ја пречека Германија. 
 
Потсетување дека квалификациите за женскиот Евробаскет се играат во три така-наречени прозорц, а по овој, следниот е дури по една година односно ноември 2022, а последниот, трет, ќе се одржи во февруари 2023 година.