Сали: Проектот за Клинички центар се дискутира 17 години, првичната идеја е од 2006 - 2007
Министерот за здравство Беким Сали во денешното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ кажа дека за проектот за нов Клинички центар се дискутира веќе 17 години.
- Проектот за Клинички центар се дискутира 17 години. Првичната идеја е од 2006-2007 година. Јас од пристапот кон оваа функција почнав со продолжување на истата идеја. Меѓутоа во истражување и анализа зошто досега не е реализиран проектот излегува дека се направени неколку тенденции за отпочнување на изградба на тој Клинички центар, неколку физибилити анализи, па локации, па дискусии, па одлуки се донесени, па конкретни проекти и излегува дека политичкиот момент бил клучен за таков еден проект да не се реализира во нашата држава. Морам да напоменам дека овој проект е од животно значење на државата и дека не би требало да се гледа од призма на политички бои. Затоа пристапив кон комуникација со сите поголеми политички партии кои можат да донесат таква една унифицирана одлука без разлика дали локацијата, формата, износот и начинот на финансирање или пак дали ќе биде во постоечка позиција, доградување на зграда или ќе биде на одвоена локација, изјави министерот Сали.
Министерот Сали вели дека се уште трае фазата на дискусија.
- Нема одлука. Јас не можам да прецизирам за мене која локација e најрелевантна за нов Клинички центар, бидејќи тоа е важен проект кој мора да биде решен со мислење на експерти, додава Сали.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер