Loading Video...
Спорт плус
1. January 2023 - 18:54

Сајнц и Брабек победници на првата етапа од релито Дакар

Откако вчера со пролог сесијата официјално стартуваше новото издание на релито Дакар кое годинава се одржува во Саудиска Арабија, денеска на програмата беше првата етапа. 
 
Патеката долга 602,5 км во конкуренција на автомобили прв ја мина повеќекратниот шампион Карслос Сајнц кој со своето Ауди оствари време од 3 часа, 28 минути и 55 секунди, што беше за 10 секунди поврзо од големиот конкурент Французинот, Себастијан Леб кој е член на тимот на Бахреин Раид Екстрим. 
 
Кај мотоциклустите, најбрз беше Американецот, Рики Брабек од Монстер Енерџи Хонда тимот, оставајќи го зад семе второ пласираниот Аргентинец, Кевин Бенавидес од тимот на Ред Бул КТМ, кој сзаостана 19 секунди, додека неговиуот тимски колега Австралиецот, Тоб Прајс заврши како трето пласиран.