Loading Video...
Свет
4. October 2021 - 12:26

САД: За да се постигне оптимално ниво на заштита од Ковид-19 треба да се вакцинираат 90 проценти од луѓето

За да се постигне оптимално ниво на заштита од Ковид-19 треба да се вакцинираат 90 проценти од луѓето - ова го тврдат дел од здравствените власти во САД поради се поголемиот број на случаи заболени со делта варијантата.

Во САД досега се вакцинирани околу 56,5% од населението или 185 милиони жители, покажуваат статистичките податоци на Универзитетот „Џонсон Хопкинс“.

Во моментов сите Американци постари од 12 години можат да примат една од вакцините.

Доктор Ентон Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести уште во мај рече дека уште еден бран на инфекција наесен може да се спречи доколку до 4 јули се вакцинираат 70% од населението.