Loading Video...
Свет
15. October 2021 - 12:28

САД се спасија од банкрот

Соединетите Американски Држави се спасија од банкрот откако претседателот Џо Бајден го потпиша законот за привремено зголемување на лимитот на задожување на владата на 28,9 трилиони долари што овозможува да се зголеми долгот за да може државата да ги плати своите задоцнети обврски.

Претходно, американското министерство за финансии процени дека на 18 октомври ќе остане без пари за плаќање на заостанатите сметки. 

Се очекува зголемувањето на лимитот за задолжување за 480 милијарди долари што го потпиша Бајден, да биде исцрпен до 3 декември па до тогаш ќе треба да се најдат ноив решенија.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел во писмото до Бајден по гласањето во Сенатот напиша дека повеќе нема да им помага на демократите да го зголемат лимитот на долгот. Републиканците велат дека зголемувањето на плафонот за задолжување е проблем за демократите поради пакетот мерки на Бајден вреден 3,5 трилиони долари за помош на граѓаните и за други цели за време на пандемијата на коронавирусот кој беше усвоен во првиот дел од годината.