САД повикаа на создавање на демилитаризирана зона околу електраната Запорожје во Украина
– Американските власти денеска ја повикаа Русија да ги прекине воените операции околу нуклеарната централа Запорожје во Украина и додадоа дека го поддржуваат барањето на Киев за создавање демилитаризирана зона во областа.
– Борбите во близина на нуклеарната централа се опасни и неодговорни, рече портпарол на Стејт департментот, додавајќи дека САД и натаму ја повикуваат Русија да ги прекине сите воени операции околу нуклеарната централа и да ја врати под целосна контрола на Украина.
Портпаролот додаде дека САД „ги поддржуваат украинските повици за создавање на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа“.
Тој додаде дека САД „ги поддржуваат украинските повици за создавање на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа“.
Таа област денеска повторно беше бомбардирана, а Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за тие напади.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на опасност од нуклеарна катастрофа, пред итниот состанок на Советот за безбедност на ОН на оваа тема, по барање на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на формирање на демилитаризирана зона во Запорожје, која руските сили ја презедоа на 4 март, веднаш по почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација