Свет
20. October 2017 - 15:28

САД очекуваат фер и демократски локални избори во Косово

- Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави изјави дека очекува локланите избори во Косово, што ќе се одржат в недела, да минат во фер и демократска атмосфера.

- Знам дека Централната изборна комисија со помош на ОБСЕ на денот на изборите ќе работат многу за да обезбедат спроведување на сите закони и прописи, изјави Делави за радиотелевизија КИМ.

Тој нагласи дека е вознемирен поради притисоците во северниот дел на земјата и додаде дека би сакал да види многу поголема конкуренција меѓу кандидатите од малцинските етнички заедници во Косово.

Делави се задржа и на прашањето околу формирањето на Заедницата на српски општини, за која рече дека произлегува од „пакетот на Ахтисари“ и оти силно го подржува нејзиното создавање, како и  трансформацијата на Безбедносните сили на Косово во косовска армија.

- Светот се менува и Косово треба да се менува со него. Косово треба да превземе значајни чекори во правец на владеење на правото, економскиот развој и регионалната безбедност, порача американскиот анбасадор