САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
САД го отфрлија договорот усвоен од земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО), чија цел е да ја зголеми подготвеноста за идни пандемии по нееднаквите реакции на коронавирусот, соопшти денеска американската влада.
Министерствата за надворешни работи и за здравство соопштија дека денеска официјално ја известиле СЗО дека САД го отфрлаат правно обврзувачкиот акт усвоен во мај во Женева по повеќегодишни преговори. Целта на договорот е лековите и вакцините да бидат достапни за сите кога ќе избие следната пандемија. Од производителите се бара да достават 20 отсто од своите вакцини, лекови и тестови до СЗО за да се обезбеди нивна достапност и за посиромашните земји.
Американските преговарачи ги напуштија разговорите за договорот откако претседателот Доналд Трамп почна постапка за повлекување од СЗО кога ја презеде функцијата во јануари. Излегувањето значи дека договорот не ги обврзува САД, најголемиот донатор на СЗО.
- Донесен без соодветна јавна расправа, документот ја проширува улогата на СЗО во итни ситуации, создава нови овластувања за организацијата во прогласувањето пандемии и ја промовира СЗО како некој што промовира „еднаков пристап“ до медицински производи, се вели во соопштението.
- Терминологијата на договорот е нејасна и општа, што би можело да доведе до тоа меѓународниот одговор на пандемии координиран од СЗО повеќе да се занимава со политички вредности како солидарност, наместо со брзи и ефикасни мерки, се додава во заедничкото соопштение на државниот секретар Марко Рубио и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Јуниор.
Кенеди, познат по тоа што ја доведува во прашање ефикасноста на вакцините, ја нападна СЗО во видео обраќање пред собранието на организацијата, велејќи дека агенцијата, судејќи според договорот, не научила ништо за пандемиите. Кенеди и Рубио изјавија дека отфрлањето на договорот го заштитува суверенитетот на САД, иако документот ја препушта здравствената политика на националните влади и не содржи ништо што го нарушува суверенитетот на членките.
Ново на Сител
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син