Македонија
23. September 2020 - 19:58

Русковска чувствува душевна болка и анксиозност од спотовите на ВМРО-ДПМНЕ

Несоница, лутина и душевна болка претрпела обвинителката Вилма Рускоска откако својот лик го видела во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите. Поради ова таа ја тужи партијата, нејзиниот претседател и доскорешниот генерален секретар и бара отштета од 10 илјади евра. Според адвокатот кој ја застапува ВМРО-ДПМНЕ и нејзините претставници, спотовите биле обид на саркастичен начин да се критикуваат власта и државните институции. Тошковски смета дека тужбата е закана за сите кои се незадоволни од работата на институциите.

За одбраната на Рускоска, спотовите не биле саркастични туку смислени лаги за клеветење на обвинителката. Адвокатот Ефтимов рече дека 23 години обвинителката работела професионално.

Спотовите поради кои Рускоска го тужи ВМРО-ДПМНЕ ќе се гледаат и во судница на рочиштето во Октомври.