Свет
29. September 2016 - 9:33

Русија: Состанок на началниците на генералштабовите на ЗНД

Во Санкт Петербург денеска ќе одржи состанок Комитетот од началниците на генералшабовите на Заедницата на независни држави (ЗНД), јави ТАСС. 

На состанокот ќе преседава началникот на генералшатобот на руските вооружени сили Валери Герасимов, соопшти прес службата на руското министерство за одбрана. 

- Шефовите на делегациите на осум земји на ЗНД - Русија, Азарбеџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Туркменистан, ќе разговараат за соработката во воената област, ќе ги сумираат резултатите од мултилатералната воена соработка во 2016 година и ќе се договараат за заедничките воени случувања во наредната година, се наведува во соопштението.