Свет
30. October 2020 - 10:58

Русија: Ја предупредивме Франција за опасноста од терористи од Северен Кавказ

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Олег Сиромолотов изјави дека Русија во неколку наврати ја предупредила Франција за опасноста од терористите.

Според него, тие терористи мигрирале од Северен Кавказ во Франција, додека француските власти ги сметале за борци за слобода.

Тој рече дека многумина од тие „борци за слобода“ во меѓувреме станале државјани на Франција, а со тоа и на Европската Унија.

Во исто време, кога станува збор за соработката меѓу Русија и Франција за прашањето на борбата против тероризмот, Сиромолотов рече дека таа област е една од најважните во билатералните односи меѓу Москва и Париз, пренесува порталот „Спутник“.

Според него, во согласност со договорот меѓу претседателот Владимир Путин и Емануел Макрон, повторно е покрената работата на работната група за борба против новите предизвици и закани.