Loading Video...
Ракомет
10. December 2019 - 16:24
Русија и Шпанија полуфиналисти на женскиот ракометен Мундијал
Репрезентациите на Русија и Шпанија се првите полуфиналисти на Светското женско првенство што се одржува во Јапонија.
Руските ракометарки забележаа неочекувано убедлива победа над селекцијата на Црна Гора со 35-28, со што ја сочуваа првата позиција на табелата во својата четвртфинална група, но уште поважно на коло до крајот направија и недостижна бодовна предност со која го потврдија својот пласман во полуфиналето.
И Шпанија оствари триумф и тоа над домашната селекција на Јапонија со 33-31, и ја сочуваа предноста во однос на трето рангираната Шведска која денеска славеше над Романија со 34-22.
Така во последната рунда само убедлив пораз изразен со повеќе голови разлика во дуелот со Русинките би можел „теоретски“ да ги оддалечи шпанските ракометарки од полуфиналето, се разбира под услов и Швеѓанките да забележат висока победа над Црна Гора.
Од групата 1 во најповолна ситуација за пласман во полуфиналето е селекцијата на Норвешка која со бод предност го очекува утрешниот дуел против Германија,. додека трето и четврто пласираните Холандија и Србија ќе очекуваат пораз на Германките, за евентуално некоја од овие две селекции да стигне до втората позиција која води во полуфиналето.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->