Фудбал
28. September 2020 - 10:37

Роналдо го спаси Јуве од пораз кај Рома

Со двата гола на Кристијано Роналдо тимот на Јувентус се спаси од пораз во дербито со Рома. 
 
На дербито одиграно на „Олимпико“ во Рим, домаќините во два наврати имаа предност, и тоа со головите на Французинот, Верету кој во 31.минута го постигна првиот, а 45-тата минута вториот гол за Рома. 
 
Но. Роналдо, најнапред од пенал во 43.минута израмни на 1:1, а со голот во 69.минута ги постави конечните 2:2.