Свет
22. October 2016 - 12:23

Романците најслаби во ЕУ, малтежаните најдебели

Малтежаните се најдебелата нација во Европската унија, а Романците се најслабите, се наведува во податоците изнесени од свепската агенција за статистика Еуростат.

Секоја шеста личност во ЕУ е дебела, што е околу 15,9 отсто од популацијата. Дебелината е поизразена помеѓу постарото и помалку оброзовано население, наведува Еуростат.

Малтежаните се најмногу погодени од овој проблем, каде 26 отсто од населението е дебело. Хрватска е на 21 место, со 18,7 отсто со зголемен вишок на килограми. Од Хрватите подебели се Литванците, Унгарците, Естонците, Британците, Чесите и Словенците. Од друга страна, најслаби се Романците со 9,4 отсто дебели, Италијанците со 10,7 и Холанѓаните со 13,3 отсто дебело население.