Loading Video...
Фудбал
21. January 2022 - 1:12

Рома последен четвртфиналист во италијанскиот куп

Екипата на Рома е последниот патник во четвртиналето на италијанскиот Куп. 
 
Иако имаше негатива од 0-1 во дуелот против Лече, сепак „римската волчица„ на крајот забележа победа со 3-1, со која се избори за место во четвртфиналето во кое за противник ќе го има Интер против кој ќе игра на гости во Милано. 
 
Бранителот на тофејот Јувентус ќе ја има фаворитската улога во дуелот против Сасуоло.  
 
Останатите четвртфинални парови ги сочинуваат 
Аталанта – Фиорентина и Милан – Лацио
 
Четвртфиналните дуели ќе се играа на 9 февруари.