Бизнис
4. јуни 2020 - 19:40

РКЛЕ бара од ЕВН навреме да ги чита броилата, ЕВН тврди дека ги почитува правилата

Граѓаните да не го авансираат ЕВН и да плаќаат толку колку што потрошиле. ЕВН да ги коригира високите сметки за мај и април за да не се соочи со казни. Претседателот на Регулаторна комсијата за енергетика со остра реторика денеска. Вели дека досега комисијата постапла по 150 претставки на граѓаните.

Бислимовски ги советува граѓаните да си отчитаат броилата сами и состојбата да ја испратат по телефон, смс, вибер, маил до ЕВН, а  компанијата да постапи. Комисијата имала разбирање што не се вршело отчитување во март и април. Исто така, изглегле во пресрет на операторот и кога паднала наплатата на почетокот накризата.

Од ЕВН велат дека пд 15 април веќе се отчитуваат броилата добиваат порамнети и коригирани сметки. Соглансо препораките на здравтевсните власти отчитување не се вршело од 15 март до 15 април и тогаш биле изготвени проценети фактури, но во мај корисниците добиле порамнети сметки.

Оние кои претходно имале помала претпоставена потрошувачка добија повисоки сметки, а оние кои имаа поголема претпоставена потрошувачка помали сметки. Сите корисници кои доставија состојби за корекција добија корегирани сметки. Ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка.  Се разбира секој кој ќе забележи разлика во состојбите на броилото и на сметките во секој момент може да побара корекција на сметка. Во никој случај корисниците нема да бидат оштетени или пак да ја авансираат ЕВН. Никогаш на корисниците нема да им биде наплатено повеќе од она што реално го имаат потрошено, стои во рекацијата на компанијата .