Loading Video...
Ракомет
13. May 2020 - 15:01

РФМ реши: Вардар, Еурофарм Пелистер, металург и Бутел ќе не преставуваат во евро-куповите

Откако Ракометната Федерација на Македонија реши да стави крај на прекинатата прволигашка сезона, без притоа да го прогласи шампионот, денеска УО на федерацијата донесе одлука кои ќе бидат македонските екипи претставници во европските купови следната сезона. 
 
УО на РФМ практично ја преслика табелата од претходната сезона (2018/2019), па покрај сеуште актуелниот европски шампион Вардар, мак-ракометот во Европа ќе го претставуваат и Евруофарм Пелистер, Металург и Бутел. 
 
За следната сезона се предвидени и промени во европските купови, па менувањето на форматот во Лигата на шампионите, ќе биде формирана и втората по квалитет Лига на Европа 
 
Вардар очекувано ќе не преставува во Лигата на шампионите, а за место во елитното натпреварување ќе аплицира и битолски Еурофарм Пелистер која лани дебитираше во елитното натпреварување. 
 
Доколку ЕХФ не ја одобри апликацијата на РФМ, тогаш битолчани сигурно ќе играат во групната фаза во Лигата на Европа. 
 
Од тоа може да зависи и апликацијата на Металург за кој ќе биде побарано директно учество во Лигата на Европа, а доколку биде одбиен тимот од Автокоманда ќе игра едно квалификациско коло за пласман во групната фаза.
 
Во квалификациите за истото натпреварување (ЛЕ), ќе настапи и тимот на Бутел, кој благодарение на ланскиот пласман, доби предност во однос на конкурентите Охрид и Пролет.