Loading Video...
Кошарка
7. January 2021 - 15:46

Рекордни 60 поени на Бредли Бил, но Вашингтон загуби од Филаделфија

Синоќешните натпревари во НБА лигата започнаа со своевиден протест на играчите, по случувањата во Вашингтон. 
 
Први револтот го искажаа играчите на Бостон и Мајами, кои одиграа и неизвесен меч, а на минималната победа со 107-105 се радуваа „Силтикси“. 
 
Од големата понуда на натпревари го издвојуваме и дуелот меѓу Филаделфија и Вашингтон, на кој беа постигнати најмногу поени, а триумф забележаа домаќините со 141-136. 
 
На овој меч личен рекорд оствари гостинскиот играч Бредли Бил реализирајќи дори 60 поени, од кои седум тројки од 10 обиди.