Македонија
27. May 2022 - 10:34

Регистриран земјотрес на подрачјето Тетово-Гостивар

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 3.6 и интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран денеска во 9 часот и 11 минути, на 32 километри југозападно од Скопје во пограничното епицентрално подрачје Тетово-Гостивар.

Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван од населението во Гостивар, Тетово и околината.