Регионална конференција за улогата на жената во одржувањето на мирот и безбедноста
Регионална конференција насловена „Улога на жената во сочувувањето на мирот и безбедноста-Резолуција 1325-Основа за акција“ денеска и утре ќе се одржи во Скопје во организација на НЕКСУС Граѓански концепт, Институтот за родови студии при филозофскиот факултет УКИМ во Скопје, НАТО Јавна дипломатија од Брисел и ЦИВИКА Мобилитас.
Воведен збор на отворањето на конференцијата ќе имаат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, специјалната претставничка на генералниот секретар на НАТО за жени, мир и безбедност, Клер Хачинсон, полковник Зоран Јанкович, шеф на НАТО канцеларијата за врски во Скопје и американската амбасадорка Кејт Мари Бернс.
Во 2000 година Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 1325 со која и формално се нагласува важноста на улогата на жената и нејзиното рамноправно учество во одбраната, или во спречување и решавање на конфликтите. Со Резолуцијата се повикуваат државите членки да обезбeдат поголемо присуство на жените во донесување на одлуките и тоа на сите нивоа во процесот на одлучување.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд