Бизнис
28. February 2021 - 16:43

Речиси 7.000 отпуштени во текстилната индустрија

Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово се 5-те општини со највисок пораст на невработеност во 2020 година. Ковид пандемијата намали 6783 работни места во текстилниот сектор, а овој тренд ќе продолжи и понатаму, покажува анализата на истражувачкио тим на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) од Скопје.

„Најчест основ за прекин на работниот однос во текстилната индустрија во последните 5 години е основот истек на определено време. Во 2020 година по овој основ се зголемил бројот  на нови невработени за 123 %. Од друга страна, пак, во 2020 година, најголем раст за раскинување на договорот за вработување е присутен кај основот отказ од работодавач и истиот изнесува 174 %“, изјави Александар Паришев, „Змаи“- Скопје.

Се зголемува и бројот на невработени млади лица. Минатата година младите учествуале со дури 15 % во вкупната невработеност.

„Кај лицата до 29 години, бројот на невработени исто така се зголемува со што 5 општини се со највисок пораст на невработени лица до 29 години се, Штип, Струмица, Радовиш, Прилеп и Кочани“, додаде Паришев.

Текстилната индустрија во вкупниот извоз на државата учествува со 10 %, а вработува околу 30 000 работници.