Реакција на Град Скопје на изјавата на Стоилковски: Универзална сала работи со настани и без објект во употреба
Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала.
Сакаме да нагласиме дека Универзална сала е запуштена и затворена во времето на претходно градско раководство и со тоа голем број значајни културни настани останаа без дом. Иако нова Универзална сала беше дел од програмата на претходното градско раководство, тоа не се случи, и за жал овој култен културен објект остана нефункционален и во распаѓање.
Градоначалникот Шилегов и во услови на пандемија со поддршка од Владата успеа да обезбеди финансиски средства за целосна реконструкција на Универзална сала и во тек е обнова на овој симбол на Скопје.
Наместо да се стави клуч поради затворениот објект, Универзална сала денеска функционира во полн капацитет како никогаш досега, вработените се задржани и оваа институција активно учествува во унапредување и збогатување на културниот живот во Скопје, како и во организација на голем број културни настани, а некој од нив како „Фестивалот на светлината“ е единствен во регионот.
Покрај омилениот на скопјани „Фестивал на светлината“, Универзална сала континуирано е организатор на манифестацијата „Бела ноќ“ и „Фестивалот на акустична музика“, кои изминативе години станаа регионални културни атракции, а беше и дел од организацијата на проектот „Култура во време на корона“.
Споменатата опрема во услови на затворен објект, е неопходен дел во тековното функционирање на „Универзална сала“ во услови кога голем дел од културните настани треба да се организираат надвор од објектот, а истата и се изнајмува за други настани на отворено.
Лицемерно е да се говори за Универзална сала со оглед на нејзиното преименување од претходното градско раководство во Конгресен центар Александар Македонски и обидот да се избрише од колективната меморија на скопјани оставајќи во распад.
Град Скопје
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација