Бизнис
7. December 2016 - 11:40

РЦБ: Нема правни и технички препреки Турција и Русија да тргуваат во национални валути

Нема правни и технички препреки Турција и Русија да тргуваат во национални валути, соопшти денеска Руската централна банка. 

- Нема правни и технички препреки за исплаќање во национални валути меѓу Русија и Турција. Не е потребно за таа цел да се склучуваат посебно спогодби меѓу двете централни банки. Изборот на валутата во плаќањето е право на учесниците во надворешно-економските односи, кои тие ги развиваат, раководејќи се пред се од принципот на трговската корисност, се вели во соопштението.

Банката нагласува дека економската претпоставка за појавата на барањето трговијата да се врши во национални валути претставува диверзификација и балансирање на билатералната трговија. 

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на 3 декември му предложи на рускиот претседател Владимир Путин да преминат на исплаќање во национална валута во трговијата.