Македонија
4. August 2021 - 19:52

Разрешена една од најуспешните директорки

Извори од партијата Дом брифираат дека смената на  Ана Петровска е на барање на претседателката на ДОМ Маја Морачанин поради внатрепартиски конфликти. Утрово директорката на државниот инспекторат за животна средина не сакаше да  коментира за случувањата во матичната апртија ,ниту пак за можноста да биде разрешена . 

- За ова прашање не би сакала да коментирам. Владата ќе одржи седница и доколку има таква точка на дневен ред, тоа е тоа“, рече Петровска на прес-конференцијата , одговарајќи на новинарско прашање за најавите за нејзино разрешување.

Петровска денеска даде отчет за сработеното во првата половина од годинава, и посочи дека со само 16 инспектори на терен, инспекторатот во овој период  работел со засилено темпо. Зголемен е бројот на  иснпекциски надзори како и казни за прекршителите. Само годинава покренати се 2 кривични постапки и 43 прекршочни, од кои 36 се глоби.

Инаку Петровска е на функцијата од октомври лани и важи за една од поуспешните раководни лица кои досега ги имал инспекторатот, според повеке еколошки здруженија.Екологистите велат дека откако Петровска е на чело на институцијата во јавноста се открија повеќе загадувачи во државата и случаите добија разрешница.