Македонија
23. јуни 2021 - 16:46

Разочараност и кај ЕУ и САД

Словенечкото претседателство врз основа на португалскиот предлог треба да ги продолжи напорите со цел да се отвори преговарачката рамка за Македонија. Ова е пораката на меѓунaродната заедница во земјава ден по новата блокада на Бугарија за македонските преговори.

Сите сакаме да го видиме отворањето на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави, порача евроамбасадорот Гир.

 „Бидејќи секогаш повикуваме владите да ги решат проблемите билатерално, треба да ги признаеме и искрените напори, што беа напревни во изминатиот период. Напредок е направен, но работата мора да продолжи, што е можно побрзо и задачата сега ќе премине на словенечкото претседателство за придвижување и решавање на ова прашања, со цел да се отворат преговорите, што е можно побрзо“, рече Гир.

ЕУ мора да се држи до зборот, вели германската амбасадорка Холштајн.

Отворено, без дипломатски речник, американската амбасадорка Кејт Мери Брнз испрати порака дека вчерашната одлука е разочарувачка.

Целите на САД на Балканот, нагласи Брнз, остануваат јасни и непроменети, посочувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.

И покрај исполнувањето на сите услови за преговори со ЕУ, амбасадорите на македонската влада и порачаа подобро справување со корупција и спроведување на реформите.