Живот
27. August 2016 - 20:06

Разгледница од море: Ова е единствената подводна пошта

Замислете да нуркате, уживате во природните убавини на корален гребен, кога одеднаш сфаќате дека сте заборавиел да испратите важен пакет. Не грижете се, Поштата од Вануату има решение.

Во близината на местото Меле на Ваниату, кај туристичката дестинација Хајдавеј Ајленд која ја посетуваат вљубеници во нуркање, се наоѓа еднинствената функционална подводна пошта на светот.

Како и секој пошта, отворена е само одредени часови, кога е истакнато црвено знаменце внатре во водата. Сепак, веројатно е дека тука нема гужва, и не се чека многу во редица.
Profimedia, Podvodna Pošta Vanuatua

За да можат посетителите да испратат разгледница од подводната пошта, се продаваат специјални водоотпорни рагледници, а текстот се гравира на копно.
Сето тоа го отвара прашањето, зошто едноставно од копно не се испрати разгледница? Но каде е тука авантуристичкиот дух...