Бизнис
6. December 2019 - 16:42

Растот на економијата 3.6% заклучно со септември - премиерот очекувал раст од 4%

БДП во третиот кваратл порасна за 3,6%. Толку изнеусва и просекот за девет мееци од 2019 година. Прмеиерот вели дека можеме да бидеме задоволени, но не до крај. Лично, очекувал подобри бројки за растот на економијата во третиот квартал. Се надева дека сепак, до крајот на годината прогнозите ќе бидат остварени.

Потфрлање годинава има и кај странските директни инвестиции. Затоа во насока на забрзување на растот се работи на ново законско решение за стратешки инвестиции. Со него ќе се овозможи големите компании многу побрзо да можат да влезат на макеоднскиот пазар. Со овој закон би биле опфатени неколку компании кои во моментов се заинтересирани за земјава.

Реагира опозицијата, велат нивото на БДП бележи незначителен раст, кој и покрај вештачкото зголемување изнесува само скромни 3.6%, кое е далеку од ветените 5% раст кои ги најавуваше Зоран Заев во предизборието. Сите показатели покажуваат дека лошите економско - даночни политики ја уриваат економијата. Лошите економски показатели ќе бидат минато по 12 април, кога ќе настапи обнова на Македонија.