Македонија
27. February 2021 - 16:37

Расте потребата од психолошка поддршка поради Ковид-19

Стравот за сопственото и здравјето на блиските ја зголемија потребата од психолошка помош. Пандемијата лошо влијае на целата популација, изолацијата , затворањето дома подолг период создава чуство на страв и вознемиреност па поради тоа често луѓето посегнуват по антидепресиви. Панични напади, задушување и растројства се најчестите форми на здравствени нарушувања кои ги дијагностицираат психолозите.

Коронавирусот во основа го промени целиот живот па и нашите обичаи вели психологот Светлана Илоски, на поинаков начин се слават успесите, родендените, славите па дури и она најтрауматичното загубите на блиските.

Новиот британски сој на коронавирус кој се шири во Охрид предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Тие велат дека ги следат препораките за заштита, но сепак се исплашени за своето здравје.

Во Охрид се помасовно се шири британската мутација на Ковид-19. Вирусот влезе и во специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања каде позитивни се голем дел од лекарите и медицинскиот. Бројот пак на хоспитализирани не спласнува и моментално во Ковид центарот има 55 пациенти од кои поголемиот дел се на кислородна подршка.