Loading Video...
Свет
27. October 2020 - 16:39

Расте незадоволството од рестриктивните мерки во европските држави

Италијанците синоќа протестираа против владините антиковид мерки. Во неколку градови дојде до судири со полицијата.Најжестоко беше во Торино.

Со новите мерки, угостителите мора да ги затворат вратите во 18 часот, целосно се затворени театрите, кината и теретаните а наставата се одвива он лине.   

Верувам дека економската штета  која мерките ке им ја нанесат на баровите, рестораните и теретаните ќе биде многу поголема отколку здравствената штета која би ја претпрело населението долку тие останат отворени.

Во текот на првиот бран на ковид пандемијата Италија беше една од најтешко погодените земји во светот. И други европски држави ги затворија рестораните, баровите и кафулињата или го органичија нивното работење во рамки на анти ковид мерките.

И Чесите излегоа на проетсти за новите рестрикции со кои владата се обидува да го спречи забрзаното ширење на ковид 19. Од утре во земјата  се воведува  седумдневен полициски час од 21 до 5 часот а промена на работното време има  кај продавниците за малопродажба.

Вонредна сосотјба и полицкси час има и во Шпанија и во Франција, која преудпреди дека може да има и 100 000 нови случаи  дневно.

Тоа е малку надреално навистина затоа што тоа е ситуација на која не сме навикнале. И малку е тешко да се размисли. Леле мора да бидеме дома во тоа време но навистина е потребно.

Локдаун веќе е воведен во Белгија, Ирска и во ВелсПред губење на контролата е и Германија која забележа нов рекорд новозаразени од над 10 000 слуачи.

Нови ковид рекорди на новозаразени и смртни случаи бележат и балканските земји. Лидери се Хрватска, Бугарија и Словенија . 

Во Европа мината недела се евидентирани 8 милиони случаи и 256 000 починати лица. Стариот континет мора сериозно да ја забрза брбата против коронавируост апелира СЗО и повторно укажа на важноста од мониторинг на контактите.

Ситуацијата не се смирува и во Соединетите Држави. 63 000 новозаразени и 380 смртни случаи е ковид статистиката за последните 24 часа.