Бизнис
3. December 2019 - 19:22

Расте интересот за проектот ,,Купи куќа - купи стан‘‘

Дали изборите ќе го запрат проектот Купи куќа, купи стан? Министерсвто за финансии бара објаснување од Антикорупциска комисија дали во периодот од 03 јануари кога ќе профункционира техничката Влада до изборите на 12 април, граѓаните ќе може да аплицираат за парите од проектот. Министерката се надева дека нема да има застој затоа што интересот на граѓаните е се поголем.

Годнава 97 граѓани добиле поддршка од МФ за решавање на станбеното прашање. Две третини од нив тоа го сториле во последните три месеци, односно по олеснувањето на условите. Од јули наваму каматите се намалени на 2,9% за првите три години и 3,9 за четвртата и петтата година. Учеството на државата наместо 50% може да изнесува до 70%, а 30% плус во тек на една година добива семејството кое што ќе добие дете. Право на учество имаат лица до 35 години и вкупен приход од 900 евра за самци или 1300 евра за брачни парови.

Министерството очекува дека до крајот на годината бројот на одобрени барања за купи куќа купи стан ќе стигне до 150. За да го дпближат прокетот до граѓаните ја враќаат саемската манифестација Купи куќа купи стан која ја организираше и претходната власт. Викендов во Скопје сити мол заинтересираните ќе можат да ги добијат сите информации за прокетот од претстевници на МФ, банките и градежните компании.