Македонија
24. October 2021 - 16:33

Раст на семејното насилство во Струга, малолетниците се почести жртви

Се зголемува семејното насилство во Струга.

Иако жртвите се уште се плашат да ги пријавуваат насилниците сепак за разлика од лани двојно е зголемен бројот 15 лица се охрабриле и пријавиле насилство кај надлежните институции. Најчесто жртва е жената, но загрижува тоа што малтретирани се и малолетни деца.

Неодамна мајка го претепа осумгодишниот син затоа што не сакал да проси, неа ќе и биде одземено родителското право.

Надлежните апелираат жртвите да се охрабруваат да ги пријавуваат случаите и да побараат заштита досега ниту една жртва од струшко не е сместена во регионалниот шелтер центар во Охрид.

Невладините кои се занимаваат со семејното насилство велат дека нa жртвите освен социјална поддршка, многу им е потребна и психолошка, бидејќи само на тој начин може да се зголеми бројот на оние кои пријавуваат насилство.