Бизнис
27. November 2015 - 19:42

Раст на индустриското производство во октомври од 13,1% објави статистика

Пораст на индустријата во октомври бележи статистиката.

Производството се зголемило за 13,1 процент во однос на истиот месец лани, резултат кој се должи на главниот чинител во економијата - преработувачката индустрија, каде е остварен раст од 18,2%.

Останатите сектори се во опаѓање.

По индустриски групи забележано значително зголемување кај капиталните производи од 27,4% и од 23,1% во групата на нетрајни производи за широка потрошувачка.

По континуираниот месечен раст во првиот квартал, индустриското производство забележа пад во април, мај и јули.  

Падот се толкуваше како последица од настаните во Куманово и политичката криза.

Од август наваму производстово одново е во пораст со што, збирно, во првите десет месеци од годинава бележи раст од 3,6 отсто во споредба со истиот период од 2014.