Бизнис
28. April 2016 - 19:49

Распишан 12-ти тендер за Чебрен и Галиште, 20 компании ја подигнале документацијата

Нов обид за  Чебрен и Галиште.  На новиот тендер , 20 компании подигнале тендерска документација за изградба на хидроцентралите на Црна Река.  Според екпертите зголеменито интерес на инвеститорите е поради тоа што овој пат не се поставени услови за нив. Проектот им е понуден , а тие самите треба да достават понуда како сметаат дека  најдобро може да се искристи хидроенергетскиот потенцијал.  Понудите компаниите треба да ги поднесат најдоцна до 25 јули.  Оној кој ќе даде најповолно решение ќе биде избран за нов инвеститор. Експертите  овој пат се оптимисти,. Велат дека  ваква понуда досега немало и  очекуваат тендерот да биде успешен и конечно  Чебрен и Галиште да добијат свој сопственик.

Придобивките од реазлиацијата на проектот за Македонија се повеќекратни и финансиски и енергетски, а ќе се зголеми и искроистеноста на ОИЕ.

Ова е 12 тендер за изградба на двете хидроелектрани.  На претходните иако се споменуваа некој од големите светски гиганти како  РВЕ, Енел, Вербунд, Старткрафт, тие завршуваа без успех.

Македонскиот енерегтскито сектор се смета за стабиле.  Расте искористеноста на обновливите извори на енерегија, а од вкупната потрошувачка на струја  70 отсто е домашни капацитети, а 30 од увоз.